Ковачевски и СДС го покажаа нивното автократско лице. Удрија по медиумите, се закануваат на телевизии, етикетираат интелектуалци и новинари, а сега преминаа и на следна фаза да вршат притисоци и врз свои членови кои се противат на нивните погубни политики.
Кoлку повеќе СДС тоне, толку е поголема нервозата кај нив.
СДС треба да сфатат дека веќе се во агонија и најдобар излез од тоа и за нив и за Македонија се брзи предвремени избори. Македонија, па дури и членството на СДС не смеат да бидат заложник на политичката кариера на Ковачевски и една мала клика од нивното раководство. Колку побрзо тоа го сфати СДС толку подобро за нив, а пред се за Македонија.