Венко Филипче и СДС по црвениот картон кој го добија од народот во мај, по практикувањето на корупција и криминал сега прибегнуваат и кон насилство.
Во недостаток на идеи, во насилството партнер на Филипче и СДС им е пудлицата Димитар Апасиев.
Филипче и СДС деновиве во Собранието приредија драма, пцовки, или недолично однесување наместо аргументирана дебата.
Ова недолично однесување кое Филипче го манифестира преку својата пудлица Апасиев е сликата за опозицијата во државата.
Сликата која Филипче ја прави е слика полна со навреди кон семејствата на поединци.
Додека СДС и Левица практикуваат навреди, насилство, недолично однесување, ВМРО-ДПМНЕ нуди поинаков пристап кој нуди решенија за граѓаните и за државата.
ВМРО-ДПМНЕ нема време за ваков примитивен пристап во законодавниот дом и воопшто на општествената сцена. ВМРО-ДПМНЕ го осудува ваквото недолично однесување на СДС и Левица. ВМРО-ДПМНЕ работи единствено во интерес на граѓаните и државата.