СДС брани фашизам, го регистрира здружението Цар Борис, а европските социјалдемократи го ништат идентитетот, како СДС.
СДС дозволи формирање на клубот Цар Борис, исто како што претходно дозволи формирање на клубот Ванчо Михајлов.
Владата на СДС доколку не поддржува фашизам ќе испратеше барем една протесна нота, но од тоа ни трага ни глас. Напротив, и од нивното политичко семејство во Европа добиваме негација на идентитетот.
Станишев, лидерот на европските социјалдемократи побара да се избрише македонскиот јазик и идентитет од ЕУ извештајот.
Станишев е човекот кој пред парламентарните избори во 2020 година отворено изјави дека Бугарија е национално заинтересирана за победа на Зоран Заев и СДС. А, имаше и изјави дека за Бугарија најдобро е СДС и Заев да се на власт.
Ова се тие пријатели на СДС кои не негираат, и кои сакаат да го избришат нашиот јазик и идентитет на европско ниво, исто како што тоа го прави СДС во Македонија.
СДС не прави ништо да ја заштити Македонија, напротив, допринесува за понижувања.