13.01.2023

СДСМ на чело со Ковачевски ја донесе Македонија на дното во однос на странски инвестиции

СДСМ на чело со Ковачевски ја донесе Македонија на дното во однос на странски инвестиции. Реалната слика е дека во Македонија немаме стратегија за привлекување на странски директни инвестиции. Тоа го потврди и државниот завод за ревизија кој нотираше многу негативности и потврди дека станува збор за нетранспарентно работење и доделување на државна помош без претходно утврдени критериуми. Тоа е начинот на кој СДСМ функционира на секое поле и во секоја форма. Делење на државни пари преку договори во четири очи.

Ковачевски и Деспотовски треба да и објаснат на јавноста зошто имаа неколку раскинати договори со странски директни инвестиции кои ги најавија меѓутоа никогаш не се реализираа. До каде е реализацијата на e.GO во Тетово каде што беше ставен камен темелник и беше промовирана како компанија која што ќе произведува електрични автомобили. До каде е Американската компанија “Jennmar” од Питсбург во Жабени заради која дел од зоната Жабени се пренамени во ТИРЗ и каде е Rechi&Sons во Струга? Каде е турската компанија Mepsan во Скопје 1 или Јужно корејската инвестиција „Almak” во Скопје 2 зоната?

Во Македонија последниве 5 години речиси и да нема политика за нови странски инвестиции, а уште помалку за грижа на веќе постоечките инвеститори.  Недостасува стратегија за привлекување на инвестиции, никој не знае дали воопшто некој работи на оваа област. Македонија со СДСМ со години нема креатор за политика за странски директни инвестиции.