27.07.2022

СДСМ додека бистри политика и измислува лаги, половина Македонија им изгоре и ним воопшто не им е важно

Почитувани,

Нервозата во СДСМ е толку голема, што поважно им е да измислуваат лаги и да бистрат политика, наместо да работат за граѓаните. За жртва што ќе ги пласира овие лаги го избраа да биде човекот кој како долгогодишен претседател на општинска организација изгуби во својот град на локалните избори. Тоа доволно говори за релевантноста и кредибилноста на истиот пратеник кој ги пласира овие лаги.

Партијата која привремено ја води Димитар Ковачевски под команда на Зоран Заев, партија и моментален претседател кои не осудија јавно ниту едно зло или понижување кое и се случува на државата и граѓаните, продолжуваат и понатаму да се служат со своите лаги и конструкции.

Додека бистрат политика и измислуваат, половина Македонија им изгоре и ним воопшто не им е важно. До толку се неспособни, што дури не им и ниту важно да знаат кај има пожари.

Продолжувањето на истата политика на Димитар Ковачевски од својот ментор и претходник Зоран Заев, политика на самоупропастување, крадење и понижување е видлива, присутна и евидентна на сите полиња.

Ковачевски е човекот кој ја клекна Македонија и граѓаните со прифаќањето на протоколот на Бугарија, Ковачевски е човекот кој застана во одбрана на Џафери кој ги навредуваше вработените во Собранието, Ковачевски е човекот кој го аминува целото крадење и плачкање на Македонија.

Додека сето ова се случува, СДСМ се однесува како да живее во паралелен универзум и продолжува да креира измислици и лаги поврзани со ВМРО-ДПМНЕ, од едноставна причина, затоа што пред очи во нивниот двор им се случува колапс и пропаст на целата држава.