Соопштение до јавноста, реакција од Комисија за образование и наука на ВМРО-ДПМНЕ на прес конфренцијата на Дарко Каевски
Почитувани,
Ја информираме македонската јавност дека СДСМ, во немоќ и очај, упорно шири лажни вести и на најчувствителни теми за Република Македонија во овој момент, злоупотребувајќи ги и најмладите.
Денес на прес конференција објавија ноторна лага дека ученици од техничкото училиште во Битола биле во посета на Софија, поврзана со клубот Ванчо Михајлов. При тоа ги злоупотребија имињата на директорката и заменик директорите на техничкото училиште од Битола кои во Софија биле на договор за Еразмус+ проекти, сосема независно од наводната посета на млади луѓе на Софија.
Почитувани, целта на СДСМ е да го намали значењето на пораката која ја испраќа ВМРО-ДПМНЕ за обединување на македонската јавност за стратешките национални интереси на државата. Со ваквите гротескни лаги СДСМ сее збунетост и раздор меѓу населението, со што токму така, им штети на македонските национални интереси. Ве повикуваме да не подлегнувате на лажните вести и сите заедно да опстоиме во одбрана на нашето, кое насилно сакаат да ни го одземат.