10.10.2022

Ристо Пенов е човекот кој го распродаде целиот имот со кој располагаше градот почнувајќи од Топлификација, Скопски пазар, ГТЦ, се до Градски аптеки

СДС го допреа дното со поставување на стар и истрошен транзиционен лик како Ристо Пенов за министер за локална самоуправаВо екот на најголемата светска економска и енергетска криза во последниве неколку декади, во време на несигурност и сериозни предизвици, СДС ја „почести“ македонската јавност со уште еден скандал, овој пат во вид на името на новиот министер за локална самоуправа во лицето Ристо Пенов, поранешен градоначалник на Град Скопје.Навистина не знаеме на што да сме позачудени, дали во изборот на овој стар транзициски истрошен кадар, или пак на смешните обиди на дел од провладините портали кои се обидоа да го величат ликот и делото на Пенов. Во овие смешни текстови, кои симултано се појавија на повеќе портали, тие Ристо Пенов го карекреризираат како успешен градоначалник, со измислена титула на „татко на современата функционалност на Скопје“, за понатаму да наведат 3-4 проекти по кој (според нив) придонесле за развојот на Скопје.За жал, по којзнае кој пат, СДС и нивните сателитски приклучени партии, целосно ја потценија интелигенцијата на народот, со овој евтин обид за манипулирање на фактите со цел измена на историјата, нешто за што СДС станаа експерти.Во овие смешни пофални текстови, за Ристо Пенов, човек кој беше градоначалник на Скопје во 2 мандати и во траење од 9 години (1996-2005), поради неговата добро позната за скопјани неспособност, едвај успеаја да набројат грст проекти по кој бил пофален. Меѓу нив, со целата дрскост ја набројуваат и изградбата на плоштадот Македонија во негово време. За мало потсетување, реконструкцијата на плоштадот Македонија, за која сега го фалат Пенов, беше проект кој беше следен со многу контроверзии и криминали, каде стариот плоштад се уништи и замени со прескапите босански плочки кој засекогаш го сменија изгледот на Скопје. Вториот проект со кој во овие текстови го фалат е и изградбата на улицата Водњанска, проект кој до ден денес е симбол за неспособноста на Ристо Пенов. Булевар кој завршува во приватен дом и ја прави една од најтесните грла во Скопје, место каде скопјани секој ден се сведоци на километри колони со возила и метеж. ВМРО-ДПМНЕ сака да даде свој допринос во сите текстови кои го величат ликот и делото на Пенов, каде ќе ги наведеме сите работи кој Пенов ги направи, а истите на беа споменати во пофалните текстови:1. Скопје е целосно распродаден град во време на градоначалникот Пенов. Во времето кога Пенов е градоначалник, се прави најголемиот грабеж на добрата со кои располагаше Градот, каде целосно се приватизирани Топлификација, Градски Аптеки, ГТЦ со сите дуќани, Скопски пазари… Сите овие добра, кои беа на располагање на Градот Скопје, во овој период се даваат за багателни цени за привилигираните функционери на СДС, а Скопје е оставено без никакви ресурси за негов понатамошен развој.2.Ристо Пенов е човекот кој со неговата неспособност и сомнителни тендери сериозно го оштети Камениот мост, симбол на Скопје. За време на реконструкцијата, поради неквалитетната изработка во летото во 2002 година во водите на Вардар се урна Стражарската кула. Пред неколку години, во должина од 30-на метри се распукаа новите плочи од травертин, кој при овој зафат на Пенов ја заменија старата коцка.3. Покрај асистирање во грабежот на државните и градските добра, во времето кога Пенов е градоначалник нема тендер за кои нема големо сомневање за корупција и криминалните дејствија.4. Во време на Ристо Пенов оставени целосно се руинирани јавните градски претпријатија, каде истите се финансиски руинирани, со стара нефункционална механизација и возен парк, со екстремна превработеност… 5. Градската инфраструктура е целосно запоставена, Скопје е без соодветна сообраќајна инфраструктура, премал процент на атмосферска канализација, паркови и велосипедски патеки…Почитувани,На Македонија и нејзините граѓани им претстои тешка зима, со високи цени на основните прехрамбени продукти, електричната енергија и горивото. Наместо решенија, СДС испорачуваат криминал, корупција и секојдневни скандали.Одговорност ќе има!Избори се потребни час поскоро!

https://www.facebook.com/komisiinavmrodpmne/posts/pfbid021oScVd6SYc767MV8fPdEz92Jf4QbF5vtKUA1WVzqUAewQD8m3fQxeSDzQEch9kLxl