24.12.2022

Ристов: На следната седница на ЗЕЛС ќе се разговара за минатата година и колку сме задоволни од истата и ќе видиме каде треба да има промени

За тоа што она мисли ќе мора да ја прашате нејзе, меѓутоа генерално мислам дека она е презафатена со нејзините проблеми во Град Скопје и не може да се носи со функцијата претседател на ЗЕЛС, затоа што претседател на ЗЕЛС бара многу голема активност практично вие треба да сте фронтменот на сите градоначалници во претставувањето пред Владата и пред меѓународните институции и заедници, истакна Ацо Ристов градоначалник на општина Радовиш.

За  Ристов е апсурдно тоа што ЗЕЛС како институција на сите средби со меѓународни организации е повеќе почитувана за разлика од Владата која ги игнорира, а на сите барања кои ти ги имаат одговорот е или не може или почекајте, но како што кажува Ристов чекањето е со месеци и со години а според него тие немаат време за чекање бидејќи на крај страдаат граѓаните.
Дополнително сериозен проблем е тоа што претседателот на ЗЕЛС не реагира на ноторните лаги кои се пласираат во јавноста, според Ристов проблем е неактивноста на претседателот кој треба преку прес конференции, дебати и други видови на јавни настапи да се спротивстави на овие аги и обиди за де фокус преку објаснување и вадење на вистината на површина, но за жал ова не го видовме во изминатиот период.

 Претседателот на ЗЕЛС го назначува Управен одбор и најверојатно на седницата после Нова Година ќе мора ние да ги отвориме сите прашања, да направиме еден рекапитулар односно ретроспектива на изминатата година, да ги видиме резултатите, што сме поставиле како цели, што сме успеале да постигнеме и кој се причините за тоа и врз основа на тоа ние ќе мора да донесеме соодветни одлуки дали ќе менуваме во управувањето, дали ќе менуваме во пристапот, дали ќе менуваме во начинот на кој ЗЕЛС ќе дејствува, понатаму ќе си одлучи Управен одбор тоа е единствениот орган надлежен, бидејќи претседателот на ЗЕЛС е член на Управен одбор и тој е еднаков меѓу сите исто како во парламентот, значи него го бира мнозинство од членови на УО и претседател на УО може да биде било кој градоначалник. Меѓутоа да ви кажам правило до сега во ЗЕЛС е одлуките да ги носиме со консензус, затоа што таму ние имаме исти проблеми иако се членови од сите политички партии, рече тој.