„Луѓето со кои секојдневно се сретнуваме односно земјоделците се навистина незадоволни и се чувствуваат оставени сами на себе од оваа арогантна и неспособна власт која воопшто не се грижи и она што го работи во делот на аграрот и сите останати сфери, тоа е секако најчесто од лукративни причини“, изјави пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Петар Ристески на денешната трибина организирана од ВМРО-ДПМНЕ во Прилеп на тема „Современи политики за развој на земјоделството“
Тој истакна дека обврска на власта и Владата е кога има ситуација на дисбаланс помеѓу производствената и откупната цена на еден производ тогаш мора да интервенира самата Влада.
„Земјоделците се чувствуваат пред се тутунопроизводителите оставени сами на себе и ограбени бидејќи во изминатите години откако дојде СДС на власт состојбата во тутунопроизводството е многу лоша, наместо да има организиран и добар откуп низ годините се соочивме со еден неорганизиран и хаотичен откуп со една ниска откупна цена. Годинава се фалеа со повисока откупна цена, но заборавија да ја кажат улогата на огромната инфлација, високите трошоци во производството и нафтените деривати што секако го изеде профитот на тутунопроизводителите и на крајот луѓето велат дека работат само за да ги покријат основните трошоци“, рече Ристески.
Ристески истакна дека состојбата со земјоделците е многу лоша.
„Со самото доаѓање на СДС на власт се случи едно катастрофално законско решение кое го донесоа и дозволија увоз на ситно лисен ориентален тутун што беше на штета на домашното производство“, рече Ристески.