13.10.2023

Рејтингот на Пендаровски е статистичка грешка, бледа појава, со уште побледи ставови

Рејтингот на Пендаровски е статистичка грешка, бледа појава, со уште побледи ставови.

Наместо да се фрустрира од изјавите на претседателот Мицкоски, Стево Пендаровски да се запраша каде е коренот на неговиот личен рејтинг и непрепознатливост, ако се потруди сигурно ќе го најде кај неговиот поданички однос кон Ковачевски и Ахмети, кои многу пати до сега не му дозволиле да се согласи со сопствениот став, па мора да менува изјави согласно диктатот од Зајас или Илинденска.

Навистина е трагично во што се претвори Стево Пендаровски, а уште пожално е за позицијата која ја извршува.

Пендаровски е човекот кој сама кажа дека го составувал предлогот кој прерасна во бугарски диктат за промена на уставот, тој е човекот кој трчаше да ги потпише измените во КЗ, и слеп извршител на сите наредби на власта.