01.03.2023

Реакција на прес конференцијата на Дарко Каевски

Да се провери Каевски дали користи психотропни супстанци или опијати зошто вакво лажење дури и за лажомани како СДС веќе преминува во болна опсесија.

Најстрашното е што од кризата со лебот прават политика.

Наместо да го пуштаат Дарко низ вода, нека си праша во партија зошто има криза на леб.

Секогаш кога со СДС има некој проблем, тој е за бизниси и пари на блиски луѓе до нив.

Не знаеме уште колку пресови со лаги и измислици треба да истера Каевски за да ги оправда во партија милионите и становите, но знаеме дека без разлика дали ќе се оправда пред своите, ќе одговара кога ќе се воспостави владеење на правото.

Народот откако СДС е на власт треба да се моли да има леб, струја, вода или да се чисти улиците. Основни потреби станаа проекти на СДС.