22.01.2024

Причината за неисплаќањето на плати не треба да се бара во ВМРО-ДПМНЕ, туку во неспособниот директор и Арсовска кои го упропастуваат градот

На оваа слика каде здружно гласаат за 700 милиони денари субвенции за СДС, Левица и ДУИ ќе ја потсетиме јавноста за неколку месеци кога повторно ќе дојде директорот и Арсовска да бараат пари од советниците. 

Причината за неисплаќањето на плати не треба да се бара во ВМРО-ДПМНЕ, туку во неспособниот директор и Арсовска кои го упропастуваат градот. 

Очигледно денес Арсовска одработува сценарио на Миле Зечевиќ за политичко насочување и манипулирање на вработените во ЈСП. 

ЈСП од Советот за две години доби субвенции од 1 250 000 000 денари. Сега доби уште нови 700 милиони.