Делегација на ВМРО-ДПМНЕ предводена од претседателот Христијан Мицкоски, а во состав на потпретседателите Александар Николоски и Тимчо Муцунски денес и утре ( 26 и 27 јуни ) престојува во официјална посета на Брисел, при што ќе оствари средби со голем број високи претставници на ЕУ и ЕПП.Денес попладне предвиден е состанок и со Симон Морду, главен советник за надворешни работи на Претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел.Оваа вечер со почеток од 20 часот, делегацијата на ВМРО-ДПМНЕ ќе оствари работна вечера со европратеникот од ЕПП Кристијан Сагарц, известувач во сенка за Македонија во Европскиот парламент.Во вторник делегацијата на ВМРО-ДПМНЕ ќе има работен доручек со Ангелина Еикхорст – Директор за Европа во службата за надворешни работи на ЕУ, а потоа е предвидена средба со Патрик Волер, директор за меѓународни односи на ЕПП со почеток од 09 часот.Делегацијата предводена од претседателот Мицкоски ќе оствари средба и со Манфред Вебер, претседател на ЕПП и претседател на парламентарната група на ЕПП во Европскиот парламент.Во Европскиот парламент делегацијата ќе има средби и со потпретседателот на Европскиот парламент Рајнер Виланд. По што ќе имаат средба со Дејвид Мекалистер, потпретседател на ЕПП и претседател на комисијата за надворешна политика на европскиот парламент (АФЕТ).За на крај да завршат со средба со Марион Валсман, потпретседателка на Заедничкиот парламентарен комитет на Делегацијата на ЕУ во Македонија.