16.11.2022

Пренџов: Димовски од АНБ не дојде на собраниска комисија, од денот на поднесување на документи за државјанство до денес Онишченко е на црна листа на САД

Денес се одржа седница на комисијата за надзор над работата на АНБ и АР. Директорот Димовски не присуствуваше поради предходно договорено патување во странство.

Седницата ќе продолжи во петок, (со присуство и на директорот на АНБ)со почеток во 12 часот. Јавноста ја интересираат одговорите и коментарите од страна на Димовски за следниве прашања:
1. Дали АНБ знаела дека А. Онишченко од денот кога ги поднел документите за македонско државјанство до денешен ден е на црната листа на САД.
2. Дали АНБ добила информација дека Онишченко е осомничен за криминал и перење пари во вредност од над 100М€ во својата матична држава Украина.
3. Истиот бил и пратеник во Украина но тамошното Собрание му го одзело мандатот.
4. До ден денешен е лице кое се бара и има распишано потерница по него од страна на Украина.
5. Господинот исто така има и руско државјанство.
6. Како АНБ констатирала дека има “чисто досие”?


https://www.facebook.com/ljupcoprendjov/posts/pfbid0dH6K94wPN9Y2ysGhifDCQJLud7VeYc6g7jrr931JFLerv7KCRqMdK8k5Dn1WfdR7l