15.02.2024

Преку два тендера во РЕК Битола власта во заминување спрема криминал од 9 милијарди денари, кои треба да завршат кај фирми блиски до нив

Власта во заминување спрема огромен криминал тежок 9 милијарди денари.

СДС и ДУИ преку два тендери во РЕК Битола сакаат да испумпаат 9 милијарди денари народни пари преку фирми блиски до нив.

Непосредно пред избори власта во заминување распишува два од можеби најголемите тендери некогаш спроведени во Македонија. Околу 6 милијарди денари за увоз на јаглен и околу 3 милијарди денари со вклучен ДДВ за ископ на јаглен и јаловина во РЕК Битола.

Однапред се знае кој ќе ги добие овие два тендери со вкупна вредност од 9 милијарди денар, а тоа се блиски фирми до власта, од која една во сопственост на конзул на држава која е под санкции на ЕУ.

Власта во заминување е европска само на зборови, а во реалноста дава стотици милиони на фирми поврзани со лица во врска со земји под санкции на ЕУ.

Власта во заминување на СДС и ДУИ го ограбува народот. ВМРО-ДПМНЕ ги повикува сите раководни лица во ЕСМ и РЕК Битола да внимаваат што потпишуваат, зошто секој еден детал од оваа криминална набавка ќе биде проверен од идната влада на ВМРО-ДПМНЕ.

Со СДС и ДУИ со право народот вели дека немаме држава, затоа важно е да ги поразиме.