16.12.2022

Предновогодишна инфраструктурна претстава на Ковачевски и Бочварски, полни со ветувања, а состојбата со капитални проекти е катастрофална

Предновогодишна инфраструктурна претстава на премиерот Ковачевски и министерот Бочварски.

Како и во минатото, така и сега овие буџетски претстави се полни со ветувања, само се менуваат главните актери. Денес главниот актер Ковачевски  не ја пропушти можноста да ја оплакне оваа неспособна влада, велејќи дека ова е негов прв буџет, па ќе инсистирал истиот да биде реализиран.

Реализација на инфраструктурни проекти во владеење на СДСМ-ДУИ е имагинарна, сосема спротивна од реалната состојба. Имено, СДСМ-ДУИ во нивното владеење сменија повеќе премиери отколку што изградија km, односно не можат да ги изградат ниту 2 km автопат до Блаце.

Автопатот Кичево-Охрид започнат од страна на ВМРО ДПМНЕ, ќе биде и завршен од ВМРО ДПМНЕ, а од СДСМ ќе останат запаметени само апсурдните изјавите за погрешени траси и секако бројот на потпишани анекс договори. Крајниот рок за изградба на оваа делница кои сами си го зададоа е 2023 година, а според неофицијални податоци излезени во медиумите, компанија која ја гради оваа делница ќе побара продолжување на рокот за изградба до 2026 година.

Железницата ги живее најлошите години од нејзиното постоење. До сега Владата предводена од СДСМ-ДУИ има сменето еден вагон директори во железницата, а состојбата секоја година станува се полоша и полоша. Главниот капитален проект за 2021 години – пругата спрема Бугарија, не им започна истата година т.е. не ни беше избрана најповолен понудувач(и), туку истото се случи во 2022 година. Според тоа можеме да претпоставиме каква е реализација на помалите проекти.

Проектот Гасификација на Македонија започнат во време на ВМРО-ДПМНЕ до сега требаше во целост да е реализиран, односно да бидат изградени сите започнати делници, па сега да можеше да се започне со нов проект за дистрибутивна мрежа.

Во авионскиот сообраќајот ново е само огромните плати на директорите. Платите и привилегиите се толкави големи што еден од директорите се откажа од пратеничкиот мандат за да директорува во агенцијата за цивилно воздухопловство.

Во однос на локалните патишта во општините и проектите за изградба на водоводните и канализациони мрежи, најдобар доказ дали во минатото имало некаква изградба се резултатите од локалните избори. Во средини каде до 2021 година владееше СДСМ-ДУИ не е изградено ништо и затоа народот избра промени на локално ниво, односно благодарение на нивната ,,реализација” СДСМ доживеа голем пораз.

Состојбата и на централно ниво со изградба на капитални проекти е катастрофална, така на следни избори за централна власт, функционерите на СДСМ-ДУИ ќе доживеат тежок изборен дебакл.