06.03.2023

Прашањата се јасни, Бочварски да каже дали за ЕПТИСА се менувани условите во огласот за тендерот од 22 милиони евра среде постапка

Благој Бочварски и денес испушти да одговори на клучното прашање, како фирма која ја прогласиле дека работи незаконски, неетички и несоодветно добила тендер од 22 милиони евра.

Бочварски не кажа ниту збор зошто се менуваме среде оглас условите за учество на повикот за надзорот вреден 22 милиони евра, и зошто е дозволено и фирми загубари да се пријават на истиот?

Бочварски да каже дали тендерот е местен за ЕПТИСА, зошто токму таа фирма е загубар три години по ред?

Прашањата се јасни, Бочварски само треба да одговори, а не да бега од одговори.