Мартин Костовски, познат во поново време по тоа што ја ухлебил сопругата во МНР, излезе на прес да ја брани срамната и недемократска одлука на Талат Џафери. Веројатно мора да одработи, па макар се бламирал на јавна сцена.
Очигледно поради стравот од соочување со народот Талат Џафери и антимакедонската СДС го погазија Уставот и демократијата. Затоа сега со очајни прес конференции го бранат неодбранливото.
Членот 24 од Законот за Референдум предвидува дека може да се распише Референдум за потреба од ратификација на меѓународни договори и за други прашања од надлежност на Собранието односно претходен Референдум и за одлуки донесени од Собранието или за изјаснување на граѓани за други прашања за кои одлучувало Собранието тоа е дополнителниот Референдум.
Прашањето на референдумот не ја менува содржината на договорот, туку го оспорува законот со кој се ратификува билатерален договор и се прогласува за важечки на територија на Република Македонија со сила на закон. Доколку се поништи Законот за Ратификација, тогаш истиот договор престанува да важи и на тој начин се сосечува во корен отровното дрво кое раѓа отровни и асимилаторски плодови. Впрочем и самиот Договор има одредба со кој Македонија може да го напушти.
Антимакедонската СДС е свесна дека народот во огромно мнозинство е против Договорот со Бугарија кој што е штетен за Македонија и е основа за негирање на македонскиот идентитет, култура и историја. Стравот во СДС е голем, па со правни гимнастики и кршење на Уставот се обидуваат да се спасат привремено од соочување со народот и спасување на кариерата на Ковачевски.