Делата се тие кои заслужуваат почит и внимание, а не празните говори и зборови на лица кои со ниедно дело не придонеле кон Македонија и нејзината историја и иднина.
За жал денес тука на Мечкин Камен ќе чуете празни зборови од страна на функционери на оваа власт кои лицемерно чествуваат а под маса распродаваат идеали на илјадници синови и ќерки на Македонија кои своите животи ги положиле за Македонија. Затоа имињата на овие функционери народот нема да ги памети, а вечно ќе се сеќава на храброста и самопрегорот на оние кои ја граделе Македонија и нејзината државност.
Оттука празните флоскули на функционерите на власта не се вредни ниту за внимание ниту за коментар. Делегацијата на ВМРО-ДПМНЕ , предводена од Претседателот Христијан Мицкоски после положувањето на свежо цвеќе На Мечкин Камен и оддавањето почит на хероите , продолжува во селото Ташмаруништа каде што ќе положи свежо цвеќе пред споменикот на двата Илиндени, 1903 и 1944 затоа што и двата датуми се дела на кои треба простум да им се поклониме.
![](https://vmro-dpmne.org.mk/wp-content/uploads/2023/08/hristijan-02082023.jpg)
![](https://img.youtube.com/vi/0LUK7Ms6-WY/mqdefault.jpg)
![](https://vmro-dpmne.org.mk/wp-content/uploads/2022/04/Untitled-1-1.png)