29.12.2023

По 7 години уште една манипулација на СДС и ДУИ, здравствените работници не се информирани за постапките и критериумите за вработување, истите се предизборно и манипулативно најавени

Доктори од Итна помош заради нерешен статус го напуштаат јавното здравство, нема основни средства за работа, поликлиниките со укинати дејности се на апарати, ова се ефектите од „епохалните проекти” со кои министерот за здравтсво Фатмир Меџити се слика.
Дел од поликлиниките, како оние во Драчево и Шуто Оризари се на апарати или специјалистичките служби скоро и да ги нема. Овие две поликлиники се со супстандардни услови, а кој министер и да дојде тука ги пушта во употреба рентген апаратите. За илустрација, рентген  кабинетот е во подрум со влага и вода и без стандардна изолација.
Во поликлиниката Чаир прозорите во чекалната на одделението за рентген не се во функција, а исто така влезната врата на рентген во Букурешт е падната веќе неколку години.
Требовањата се кратат, нема средства за заштита на здравствени работници како маски, ракавици, дезинфекциони средства и сл.
За целосното кадровско деградирање и непреземањето мерки говори фактот дека во попладневните часови нема неколку специјалности во неколку полилклиники.
Ама затоа, управничката на поликлиниката „Јане Сандански” не само што не води грижа за кадарот, туку брка вработени кога ќе им истече договорот, се заканува и дополнително го демотивира медицинскиот персонал.
Ниту најновите најави за предизборен поткуп не ги колебаат медицинските работници со нерешен статус и продолжува праксата искусни професионални доктори да ја напуштаат Итната медицинска помош.
По 7 години негрижа за кадарот со договор на дело, власта во заминување повторно со нејасни најави тера манипулации за ситни политички поени.  Здравствените работници воопшто не се информирани за постапките и критериумите за вработување, ниту за тоа  на кој начин е дојдено до бројката од 1117 вработувања предизборно и манипулативно најавени.