13.08.2023

По сериозните укори и реакции кои ги добиле Маричиќ и Османи од страна на Бугарија, Декларацијата за Илинден мистериозно исчезна

Исплашени од реакциите и укорите кои ги добија од Бугарија, СДС остана нема и целосно заборави на Декларацијата за Илинденското востание која помпезно ја најавуваше.

Оваа Деклерација веќе 20-тина дека откако ја најавија никој ниту ја има видено, прочитано, ниту пак е ставена на некоја седница во Собранието.

Иако бараа поддршка од сите политички чинители, Ковачевски и СДС откако добија укор од страна на Бугарија, а тоа најдобро го почувстувале Бојан Маричиќ и Бујар Османи бидејќи жестоки биле реакциите од страна на бугарските власти, декларацијата исчезна.

За да граѓаните заборават на оваа Деклерација, поврзана со Илинден и Илинденското востание, решија да напишат нов документ, овој пат наречен Манифест, каде што бараат консензус.

Иако исто како и за Декларацијата за Илинден, никој го нема видено овој Манифест, ниту пак од ДУИ и СДС се консултирале со некој, туку седнале во штабот на ДУИ во Мала Речица, го напишале и бараат консензус.

Наместо да се борат и да ги заштитата за македонските интереси и заштитување на индетитетот и историја, СДС се обидува со Манифести и Деклерации да си купи време за одржување на владата со ДУИ.

Ниту Декларации, ниту Манифести нема да ги покријат националните порази кои ги донесе оваа власт на СДС и ДУИ.