Фактите покажуваат директна поврзаност меѓу НВО и функционерите и основа за постапка за трговија на влијание. Еве нека каже Еролд Муслиу каде во светот и во НАТО земјите има пример каде жената на директорот на разузнавачка служба добива странски грантови на теми поврзани со тероризам кои се предмет на работа на службите и безбедносен интерес односно се во директна поврзаност.
Нека каже Муслиу во која европска или НАТО земја владата склучува договор со конзорциум со невладини на сопруги на министер и директор на разузнавачка служба, после кој договор им се овозможува грант тежок 620 илјади евра?
Нека не се обидува Муслиу да се вади на неговата етничка припадност. Тоа не поминува во јавноста. Тоа се целосно потценување на интелигенцијата на граѓаните. Овде се работи за конкретен сомнеж за злоупотреба и трговија со влијание, многу карактеристично за функционерите на оваа власт на ДУИ и СДС.
И Муслиу и неговиот шеф Пендаровски, како и владата „дуваат во иста тиква“ и нека не се прават недоветни, бидејќи ова кое што го прават е спротивно на сите европски вредности и стандарди.
Се работи за грантови од над половина милион евра, кои токму со помошта на владата на СДС и ДУИ ги добиваат невладини организации на сопругите на Муслиу и Битиќи. Ако власта не склучела договор со нивниот конзорциум, немало да добијат ниту пари. Зарем во Македонија нема други организации, па токму невладините поврзани со овие функционери морале да бидат избрани?!
Функционерите на СДС и ДУИ Власта ја користат како алатка за богатење. Тоа е реалноста . Затоа во Македонија се живее полошо од било кога. Затоа мора да ги поразиме!