07.05.2023

Попов: Македонија останува земја со села без млади, ВМРО-ДПМНЕ ветува дека по избори младите нема да бидат заборавени и ќе им се понудат перспективи

„Во рамки на акцијата „Ова е Македонија за сите“ денеска заедно со мојот тим сме вопосета на неготинско. Поточно во населените места Црвени Брегови, Курија, Пепелиште и населеното место Тремник. Од она што можев да го забележам особено како млад човек и она што најмногу ме разочара, а то е дека за жал Македонија останува земја со села без млади“, истакна Сергеј Попов, претседател на УМС на ВМРО-ДПМНЕ.

Попов додаде дека тоа за една земја како Македонија која што изобилува со земјоделски површини е навистина погубно.

„Постарите жители на овие места велат дека во иднина ќе нема кој да ја обработува оваа земја. Тука сме да им влееме надеж на луѓето, тука сме да им влееме надеж нна младите луѓе дека овие места за многу брзо од сега повеќе нема да бидат заборавени. Младите луѓе од ова место нема да бидат заборавени, ќе се нудат перспективи за овие млади луѓе“, порача Попов.

Тој нагласи дека ќе има инвестиции во тие населени места и младите луѓе заедно со ВМРО-ДПМНЕ ќе ги донесе промените во Република Македонија кои што се неизбежни.