Прво Ковачевски и владата да не глумат дека не знаеле за долговите на државните претпријатија кои ги имале кон ЕВН, бидејќи не може МЖ Транспорт да има долг над 400 милиони денари, а владата да нема поим за тоа, вели Сергеј Попов, советник во советот на Град Скопје и претседател на УМС на ВМРО-ДПМНЕ на денешната прес конференција одговорајќи на новинарско прашање кој е вашиот коментар и решение за исклучената струја во МЖ Транспорт и најавите за исклучување и во другите институции.
Попов потенцираше дека владата на СДС треба да престане да глуми статист, укажувајќи дека единствено решение за ваква состојба е владата да престане да кради и конечно да започне да работи за народот.
Владата мора да престане да глуми статист и да ги исплати долговите кои ги имаат нејзините претпријатија. Ако прашуваат од каде да најдат пари, за почеток нека почнат да произведуваат домашна струја, а да не увезуваат струја која што е пет пати поскапа од нашата домашна струја. Во принцип решението е владата да престане да краде, туку да работи за народот, рече Попов.