На денешната трибина по повод меѓународниот ден на Ромите ВМРО-ДПМНЕ организира панел дискусија насловена „Ромите во Македонија во минатото и сега“ во општинската зграда на Општина Бутел, каде што свое обраќање имаше претседателот на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ, Сергеј Попов кој што ги повика младите роми да се приклучат кон унијата на млади сили и да бидат активни, гласни и борбени за промени кон подобро во општеството.
„Сакам да ви го честитам овој ден интернационалниот ден на ромите, јас велам дека кога еден млад човек сака да направи нешто добро за својата земја, за својата околина за своите пријатели, другари своите поколенија и сите останати Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ е единствената организација на која што треба да и се приклучи. Затоа што УМС на ВМРО-ДПМНЕ е единствената организација во државата која што има структура сила моќ, и волја да ги канализира сите идеи и потреби на младите и истите да ги преточи во реализација без разлика дали тоа се млади Роми, Срби и други сите ние имаме исти или слични проблеми и на вас и на вас ни недостасува посигурна иднина образование ни недостасуваат работни места, ни недостасува иднина овде во Македонија на сите млади луѓе“, истакна Попов.
Претседателот на УМС на ВМРО-ДПМНЕ, Сергеј Попов упати порака до сите млади роми во државата дека вратите на унијата на млади сили се отворени за сите, да се приклучат и да бидат активни, гласни и борбени доколку сакаат да направат добри работи за општеството.
„Затоа како претседател на УМС на ВМРО-ДПМНЕ упатувам порака до сите млади роми во државата дека вратите на унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ е отворена. УМС е унијата во која треба да се приклучите ако сакате да направете нешто подобро за сите вас, бидејќи УМС на ВМРО-ДПМНЕ е дел од партијата ВМРО-ДПМНЕ, а ВМРО-ДПМНЕ докажала дека кога е на власт своите проекти ги реализира. Своите ветувања не ги заборава и на младите луѓе не заборава. Па така нема да заборави ниту на младите роми, ниту набило кои други млади во Македонија. Јас ве повикувам вас, младите роми да бидете активни гласни да бидете бурни, да бидете борбени, и сте работи ќе си дојдат на свое место“, нагласи Попов.