27.07.2022

Пожари беснаат низ државата, а власта не може да се организира да изгасне еден пожар

Пожари беснаат низ државата, а власта не може да се организира да изгасне еден пожар.

Институциите не реагираат на време и големи површини со шума горат од неажурноста на власта.

Како и за се до сега потребно беше јавноста и медиумите да реагираат, за институциите да почнат да работат.

СДСМ се однесува неодговорно и не води грижа за земјата.

Апелираме до власта во периодот што иде да покаже поголемо ниво на организација и да реагира правовремено при справување со потенцијалните пожари или друг вид непогоди, кои се веројатни во овој период од годината. Секоја ненавремена реакција ги чини граѓаните пари и оштетен имот.