24.08.2022

Погледнете како додека 500 илјади граѓани живеат во глад, Ковачевски и Зечевиќ со потценување фрлаат крадени пари во устата на сиромашниот народ (ВИДЕО)

Почитувани,
Македонија со Ковачевски и СДСМ е најсиромашната земја во Европа.
500 илјади сограѓани живеат со по 150 денари на ден. 
500 илјади граѓани живеат во сиромаштија и огромно мнозинство, околу 8% од сиромашните се вработени, 45% од сиромашните се невработени, 7% се пензионери и 33% останати. Тоа покажува дека Македонија води меѓу земјите од регионот, ако се анализира на пример Србија има 0,88% со апсолутна сиромаштија, Албанија има 0,45%. 
Додека народот гладува и 500 илјади граѓани живеат во длабока сиромаштија, Ковачевски и Зечевиќ со крајно потценување се расфрлаат со крадени пари фрлајќи му во уста на сиромашниот народ.
Тоа го прават затоа што знаат дека ги губат изборите и немаат поддршка од народот.
Се расфрлаат со пари затоа што тие пари се крадени и не се чесно заработени.
Затоа на СДС и на ДУИ им се случи дебакл, и затоа Ковачевски треба да си даде оставка и да има избори.
https://www.facebook.com/vmromakedonija/videos/1146206659443303/