22.08.2022

Пешевска до Богоев: Ајде соберете сила со Ковачевски и да одиме на предвремени парламентарни избори, бегате зошто ќе изгубите, а потоа ќе останете и без функции во партијата 

Го читам Стефан Богоев и морам неколку работи да му пишам вака јавно и отворено:Локалните избори се оддржаа во октомври 2021 година и резултатите од истите се:ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата – 42 градоначалници + Град Скопје, СДСМ – 16 + 2 од вчера = 18 градоначалнициБројките во Советници се:ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата – 468 советници, СДСМ – 369 советници – За Карпош посебно нема да пишувам, бидејќи за тоа како си работел како градоначалник зборува фактот што СДСМ не те кандидираше за втор мандат.И конечно за крај по однос на анкетите.. Зошто Стефане ова силење по социјални мрежи? Ајде соберете сила со Таче и да одиме на предвремени парламентарни избори па да видиме каков ќе биде резултатот. А што викаш за ова?Но не сакате, бидејќи знаете што мисли народот за вас и вашата политика. Градоначалничките позиции ги изгубивте, а ако одите на предвремени парламентарни ќе ги загубите и функциите на Бихачка.
Линк од фејсбук статус:https://www.facebook.com/ZPeshevska/posts/pfbid02XGfNvXWgj8aS22eQKz3iqVGMRWe6b7xh6uY69ZEVzYAKxA2JWUxBoqQmSGcCMm8gl