Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски при денешната посета населените места Љубодраг, Режановце и Ново Село во рамки на теренската активност ” Ова е Македонија за сите” истакна дека од Куманово има премиер, министер за внатрешни работи и многу други високи функционери од СДСМ во власта а е тотално заборавено, и порача дека токму затоа заедно со народот власта ќе биде испратена на буништето на историјата.
„Денеска во посета на населените места Режановце, Љубодраг и Ново Село за жал секаде истата приказна, замислете во ражановце функционер на СДСМ Трајан Димковски во сопствената улица гази кал а селото нема никаква инвестиција со годин, не е способен да си го реши и измети својот дом, ќе водел државна политика. Во Љуботен истата приказна луѓето се жалат на сериозни проблеми и заборавеностод властите. Куманово има премиер, Куманово, Куманово има министер за внатрешни работи, Куманово има огромни, големи функционери од СДСМ но за жал Куманово е тотално заборавено од централната власт. Заедно со овие луѓе, заедно со сите луѓе кои што ги посетуваме, со народот на Македонија ќе ја испратиме оваа однародена власт на буништето на историјата“, истакна Петрушевски.