21.02.2024

Петрушевски и Лефков: Ако пратениците на СДС и ДУИ не гласаат за продолжување на важноста за пасошите, нека се откажат од дипломатските пасоши со исто име, за и тие да бидат исти како сите други граѓани

Лефков: Се упатуваме на граничниот премин Делчево да провериме дали навистина сме затворени како во конзерва, дали ќе ни дозволат да ја поминеме државната граница и дали ќе можеме да го оствариме нашето уставно загарантирано право за непречено движење и слободно излегување и враќање на територијата на Република Македонија. 

На 50-тина метри од нас е границата. Ќе се обиде колегата Бране со обичниот пасош да ја помине границата, а пота има и дипломатски пасош.

Петрушевски: И двата се со Република Македонија.

Без него не можеме да излеземе.

Македонска граница: Не, не, не знам пробајте вие, ние ќе ве пуштиме сега. Тоа се работи за обични пасоши… 

Петрушевски: Без него не можеме да излеземе?

Македонска граница: Да да за сите важи тоа за дипломатските немаме посебен акт. Сепак се работи за дипломатски пасоши. 

Петрушевски: Со обичниот пасош којшто се уште не ми е сменет и е со Република Македонија не ми беше дозволено да ја напуштиме територијата на Република Македонија, но зачудувачки и изненадувачки за нас беше тоа што кога го приложивме дипломатскиот пасош истите службеници овдека ни рекоа дека немаат никаква инструкција за дипломатските пасоши и дека може да ја напуштиме Република Македонија со дипломатски пасош на кој што стои Република Македонија.

Лефков: Имаме порака до нашите колеги во Собрание веднаш да биде ставен на гласање и да се усвои предлог Законот за измена и дополнување на Законот за патни исправи со кој што ќе се продолжи важењето на пасошите. Имаме 44 гласа во Собрание во секој момент „за“ за овој предлог и ни недостасуваат уште 15. Колеги пратеници од власта, свестете се.

Петрушевски: Доколку колегите од власта, од СДСМ и ДУИ, не сакаат да гласаат за законот со кој што ќе се продолжи важноста на пасошите за сите граѓани во Република Македонија, тогаш би било етички и морално исправно од нивна страна да се откажат од дипломатските пасоши, за да и тие сочувствуваат со граѓаните на Република Македонија кои што се затворени на територија на Република Македонија како во конзерва.

Лефков: Поздрав од Делчево.

Петрушевски: Поздрав.

Линк од ФБ објава на Бране Петрушевски, пратеник: