19.01.2023

Петрушевски: Градоначалникот Митовски да си поднесе оставка после насилството, моќта ја користи да тепа луѓе и после да им врши притисок да не го пријавуваат

СДС и институциите под нивна контрола со невидена леснотија се обидуваат да го заташкаат скандалот во кој директен актер е нивниот функционер, градоначалникот на Крива Паланка Сашко Митовски.

Човекот кој беше избран да работи во интерес на граѓаните, во алкохолизирана состојба тепа и напаѓа луѓе по улица!?

Овој човек не е достоен да ја врши функцијата градоначалник. Овој човек треба да си поднесе ОСТАВКА! Ова не е само обично насилство, ова е насилство направено од човек кој ја користи моќта која му ја дава функцијата за да ги тероризира граѓаните, а после и да им се заканува да не го пријавуваат настанот!

Шерифите на СДС, каков што е Митовски треба да знаат дека одговорност за нивното самоволие ќе има. Народот веќе не им се плаши. Ни Спасовски, ни партизираното судство нема да ги спаси!

Линк од ФБ статус: