31.03.2023

Петрушевски: Барам осуда од СДС за заканите кон мене и претседателот Мицкоски, а Пендаровски да ја повлече благодарницата која му ја дал на заканувачот

Само кукавици и плашливци се закануваат во пораки. Еве јавно го повикувам дотичниот Роберт, кој ми се заканува мене, а и на претседателот Мицкоски, дека ќе ни ги ликвидирал нашите семејства, да се сретнеме ЛИЧНО, ОЧИ ВО ОЧИ.Доколку остана некој психички нормален во раководството на СДС, барам осуда и оградување од ваквите закани на нивни членови. Исто така, барам од Претседателот на државата, г-нот Стево Пендаровски, да ја повлече издадената Благодарница на ваков насилник. Ја повикувам и меѓународната заедница будно да ја следи состојбата со опозициските пратеници и функционери, кои се мета на секојдневни закани, следења и заплашувања со досиеа незаконски водени од функционерите на власта.Доколку институциите на државата не сакаат да не заштитат, ќе бидеме принудени сами, како знаеме и умееме, да се заштитиме себе си’ и нашите семејствата. И на крај, да им биде јасно на СИТЕ, и по цена на мојот живот, НЕМА да гласам за уставни измени, затоа што немам мандат од граѓаните.

https://www.facebook.com/branebelich/posts/pfbid02H679sb6UqKD7qLLnFqErrusqwPGtiwVaN99G5g5Ya5mhPfTDuwTGLfqJ59G3Z1hBl