23.12.2022

Петков: Планираме да реализираме голем број на капитални проекти во Виница во 2023 година

Општина Виница успешно се справува со предизвиците од светската економска и енергетска криза, каде годинава беа реализирани голем број на капитални проекти, а многу ќе се реалзиираат и наредната. Ова е главната поента од обраќањето на Mиле Петков, градоначалник на Општина Виница на средба на градоначалниците од редовите на ВМРО-ДПМНЕ коалицијата која што се одржа во Кочани.- Во делот на сообраќајната инфраструктура во 2022 година извршивме реконструкција на неколку улици во градот Виница, како и во селата Градец и Блатец. Извршивме поплочување на тротоари на повеќе улици во градот Виница, како и во селата Јакимово и Истибања. Во делот на комуналната инфраструктура извршивме реконструкција на водоводната мрежа во село Блатец, како и на 3 улици во Виница. Од областа на заштитата на животната средина реализиравме повеќе проекти, како што се регулација на речното корито на Градечка река, санација на депонијата кај село Лески, целосно е исчистена депонијата кај село Блатец, а во тек е чистењето на депонијата кај слео Истибања – кажа градоначалникот Петков.Петков најави многу проекти и за 2023 година, а акцентот повторно ќе биде ставен на сообраќајната и комуналната инфраструктура. – Во текот на 2023 година ќе ја продолжиме реализацијата на неколку започнати проекти, како што се реконструкција на две улици во Виница и две улици во село Градец. Наредната година ќе започнеме со реализација на повеќе поголеми капитални проекти за кои постапките се завршени, обезбедени се финансиските средства и имаме склучени договори. Тука влегуваат реконструкција на локалниот пат Блатец-Детлово во должина од 3 километри, реконструкција на „Сината сала“ во Домот на културата „Тошо Арсов“, како и поставување на термо-изолациона фасада и лифт во општинската зграда.Регионалната средба беше организирана од страна на Комисијата за локална, Комисијата за инфраструктура, урбанизам и транспорт и Комисијата за финансии при ВМРО-ДПМНЕ.

https://www.facebook.com/watch/?v=6083387238358158