09.03.2024

Пендаровски и СДС гордо кажуваа дека добиле поддршка од Ковачев, нека не се прават наудрени народот памти и ќе казни

СДС освен што имаат проблем со својата понуда кон граѓаните, имаат сериозен проблем со меморијата. Се обидуваат со стари фотографии да шират лажни вести. Народот памети дека СДС и Пендаровски беа главните промотори на бугарските негаторски политики.

Прво, Стево Пендаровски беше тој кој што гордо кажуваше дека добил политичка поддршка од Андреј Ковачев.

Второ, Стево Пендаровски беше тој кој што ги застапуваше идеите на Ковачев дека Гоце Делчев е Бугарин, и после оваа бесрамна изјава на Пендаровски неговиот пријател Ковачев ја пофали и ја користеше како аргумент во Брисел и Софија.

И трето, Ковачев, пријателот на Пендаровски ги напаѓаше Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ дека се пречката на бугарската негаторска политика.