14.03.2024

Пендаровски еднаш велеше дека не смее да се користи ниеден државен ресурс во кампањата, а сега оди на промоција на проекти и молчи за користење на службени коли за партиски цели

Стево Пендаровски е докажан во тоа, едно да зборува, а друго да прави.

Тој говореше дека не смее да се меша државата со партијата и најдобар доказ за тоа било да не се користи ни најмалиот државен ресурс во кампањата за претседател.

Но како што бива најчесто, Стево го демантира Пендаровски.

Пред само неколку дена Стево Пендаровски беше на промоција на проектот брана Конско, проект почнат во време на ВМРО-ДПМНЕ, а завршен сега. Со други зборови овој проект нема никаква врска со Пендаровски и неговата функција претседател. Но злоупотребата не е само во тоа. По завршувањето на настанот, како што регистрирале медиумите, тој со службеното возило се упатил во Струмица на партиски настан на СДС.

Знае ли Стево што е мешање на партија и држава?

Дали за Стево Пендаровски сега е нормално тоа што вицепремиерот Маричиќ дојде со службен автомобил да се потпише за поддршка на неговата кандидатура за претседател? Ако Пендаровски заборавил ние ќе го потсетиме што зборувал порано, а што прави сега.

Наместо параноично тој и СДС да бараат виновници и да се пресметуваат со критичари, најдобро би било да почнат да даваат одговори на јавноста. Не треба да бегаат од вистината. Граѓаните гледаат и можат да проценат сами. 

Пендаровски го погази достоинството на народот и на Македонија. Затоа време е за промени!