Пендаровски Стево без срам и перде денес вели дека никој не можел да го контролира. Да не е жално би било смешно.
Пред само неколку месеци ги игнорираше граѓаните и експертската јавност и ги потпиша измените на казнениот законик изгласани од неговите газди од ДУИ и СДС. Со ова погази две свои ветувања кои ги даваше во кампањата во 2019 година. Тогаш велеше дека никогаш немало да ги заборави пораките “нема правда нема мир“ , и дека немало да потпишува закони против интересите на граѓаните. Стево Пендаровски овие измени ги потпиша како „попче“.
И тој е директно одговорен за овој упад во правосудниот систем и ако имаше образ денес ќе им се извинуваше на граѓаните, а не уште и да се фали дека никој не го контролирал.
Господине Пендаровски вие сте просто управувани од ДУИ и СДС.
Пендаровски го изгуби целиот кредибилитет и интегритет. Тој со своите ставови и постапки го погази достоинството на функцијата, достоинството на народот и на Македонија.