16.03.2024

Пендаровски велеше дека ако помилуваш криминалци, тогаш им должиш нешто – а тој помилуваше водач на нарко картел одговорен за мафијашки убиства. Што им должи Пендаровски?

Стево Пендаровски што и да каже, после тоа си го погазува својот збор. Во 2019 година ветуваше дека ако нема правда нема да има мир. Ветуваше дека тие кои што сториле криминал ќе одговараат неселективно. Велеше дека од позицијата претседател нема да му падне на памет да амнестира криминалци. Ај што не си додржа до зборот, туку помилуваше лице, кое според медиумите е лидер на нарко картел во Скопје одговорен за мафијашки убиства и нелегална трговија со дрога. Ако ова не е еден од најтешките облици на криминал, тогаш Стево Пендаровски има реален проблем со перцепцијата.

Да биде уште потрагично, Пендаровски во време на кампањата, со цел да придобие гласови од граѓаните, уверуваше дека ако помилуваш такви лица тогаш тоа значи дека нешто им должиш или ти помогнале да станеш претседател. Епа господине Пендаровски, дали помилувањето и комуникацијата со нарко босови сте ги правеле затоа што нешто им должите или ви помогнале да бидете избран за претседател?

Две недели се криете од јавноста и не давате ни еден одговор. Тоа кое што го објавуваме се ваши изјави и фотографии кои сами сте ги правеле и никој не ве терал со сила. Сте сакале-сте се сликале со нарко босови. Сте сакале-сте амнестирале водач на нарко банда. Тоа е ваш избор и затоа сега е ваша одговорност. Вие немате веќе ни кредибилитет, ни интегритет.

Стево Пендаровски го погази достоинството на народот и на Македонија, Затоа е време за промени.