10.12.2022

Папазов: И во текот на денешниот Отворен ден во Општина Кочани се остварија разговори со голем број на граѓани

И во текот на денешниот Отворен ден во Општина Кочани се остварија разговори со голем број на граѓани, при што беа дадени повеќе предлози за општинскиот буџет за 2023 година.

На денешните средби присуствуваше и пратеникот Зоран Коцевски, каде што имаше можност директно да ги слушне споделените идеи на граѓаните и да размени мислења и искуства во врска со целокупниот процес.

Отворениот ден продолжува и утре (недела, 11.12.2022), од 11 до 14 часот, приклучете се и дадете го вашиот придонес во креирањето на буџетот на општината за следната година.

Линк од ФБ статус: