За време на овој и следниот викенд, од 11:00 до 14:00 часот, ги отвораме вратите на Општина Кочани за сите граѓани кои се заинтересирани со свои предлози да учествуваат во креирањето на Буџетот за 2023 година.
И во текот на утрешниот ден (недела, 04.12.) го очекуваме вашето лично присуство за директно да поразговараме за разни идеи и проекти. Вклучете се во настанот и заеднички да го формираме општинскиот буџет за претстојната календарска година.