Енергетската елита предводена од тандемот Ковачевски- Ковачевски, потпомогната од Министерот Бектеши на два месец пред почетокот на грејна сезона сфати дека Македонија се наоѓа во енергетска криза.
Деновиве на секоја телевизија и портал го гледаме директорот на ЕСМ како се прпелка, се мачи и продава ветер и магла како тие биле спремни, но морале да прогласат енергетска криза. ‘Господинот’ Ковачевски како добар раскажувач на приказни да го потсетиме на приказната за „Штурецот и мравките“. Додека цел свет, а особено членките на Европска унија уште од почетокот на пролета се спремаа за тешката зима која нẻ очекува, шампионскиот енергетски тим, предводен од нарко картелот од Муртино и екс вицепремиерот во улога на штурец се потсмеваа на цела енергетска јавност и нẻ убедуваа како тие добро се справувале со кризата, дека сẻ било под контрола. Но, да не биде како во приказната: додека сите земји во нашето окружување и во Eвропа како мравки работеа и се подготвуваат како полесно да ја пребродат претстојната енергетска криза, шампионскиот енергетски тим предводен од Ковачевски, а под диригентска палка на нарко картелот од Муртино и екс вицепремиерот безгрижно си свиркаа како штурци во сенка по плажите од нашиот јужен сосед.
Лицемерието е уште поголемо ако се знае дека ВМРО ДПМНЕ и сите експерти уште од пролета предупредуваа за енергетската криза која надоѓа особено со воената интервенција на Русија во Украина и заострувањето на економскиот конфликт помеѓу ЕУ и Русија. Цените на енергенсите и на електричната енергија не само што не стивнуваат туку и ги рушат сите рекорди така што можеме да очекуваме да се сруши и магичната граница од 1000 евра за MWh електрична енергија. Алармантноста на состојбата е поголема бидејки на зима може и да нема воопшто електрична енергија на пазарот и по било која цена, затоа што сите сериозни економии уште од сега со помош на ‘фјучерси’ веќе ги закупуваат сите вишоци кои ги пријавуваат енергетските компании.
Додека штурците од енергетскиот тим на „Владата од нашата земја“ ги исмеваа енергетските политики на европските економии кои како вредни мравки бараа штедење од своите граѓани, вложуваа во енергетска ефикасност и обновливи извори, складираа природен гас, градеа нови резервоари, градеа складишта за нафта и правеа станици за втечнување на гас, бараа алтернативни извори на енергија, воведуваа мерки за зголемување на енергетска ефикасност во домовите и индустрискиот сектор, штурците од нашиот шампионски енергетски тим, свиреа по нотите на муртинскиот клан и делеа тендери до фирми блиски на владеачката партија како за транспорт на јаглен, тендери во четири очи за канцероген мазут со лош квалитет кој и како таков не се испорача, но беше целосно исплатен, а особено фрапантни и скандалозни беа тендерите во четири очи кои се склучуваа во РЕК Битола за ангажирање на надворешна механизација, тешки неколку МИЛЈАРДИ денари. Сето ова се правеше додека во ЕУ се воведуваа понапредни технологии за подобрено управување на енергијата во производните процеси, се воведуваа ефикасни електромотори и друга ефикасна опрема (печки, компресори, пумпи, итн.).
Мораме да потенцираме дека Владата и комплетниот енергетски тим не реагираа соодветно уште при најавите на почетокот на енергетската криза за кои веќе една година предупредуваме. Како пример ќе ја спомнам состојбата со ископот на јаглен во РЕК Битола. Наместо зголемени количини на јаглен во депонијата на два месеци од почеток на грејната сезона, имаме енормно мали количини. Ситуацијата е уште покатастрофална во рудниците, односно откривка на јаглен речиси и да нема!!! Багерските единици не се ремонтирани, после секој дожд се наоѓаат под вода, бидејки процесот на ископ е хаотичен и без план последниве години. Дисциплината е на најниско можно ниво, раководен тим речиси и да нема, само неколку партиски послушници поставени да ги потпишуваат градежните ситуации на камионите на кланот од Муртино и фирми блиски до директорот Ковачевски. Покрај тоа мораме да нагласиме, техничката состојба на термоелектраните во РЕК Битола за производство на електрична енергија не е на ниво за сигурна и непрекината работа, па имаме повремени прекини (само минатата недела имавме три испади за неколку дена на првиот Блок), додека третиот блок е во дефект веќе една година поради нестручно раководење и грешки од раководниот тим за кои никој не понесе одговорност, но од Јовевески обвинителство не може ни да очекуваме поинаку. Поради тоа, количеството на произведена електрична енергија е намалено и државата мора да увезува електрична енергија по многу високи цени. Хорот од штурци наместо да се срами од минатогодишниот резултат кога ги срушија сите негативни рекорди и произведоа неверојатни 1 852 GWh во РЕК Битола која доколку се подели на три блока , 365 денови по 24 часа ке се добие дека комбинатот просечно произведувал 70 MW на час. ПОВТОРУВАМ СЕДУМДЕСЕТ МЕГАВАТИ на час односно капацитет од 30 % на еден блок односно 10 % на инсталираниот капацитет на РЕК Битола. За какво тоа зголемување за какви проценти зборува и бесрамно лаже Ковачевски?
Единствениот начин во моментот оркестарот на штурци да ја пребродат зимата е да потрошат многу пари на граѓаните. Прогласувањето на кризна состојба е само параван за да нема одговорност, затоа што ние еднаш плаќавме кога се здружија овие картели за да местат тендери во РЕК Битола и да се богатат на грбот на граѓаните, а сега втор пат плаќаме поради нивната неспособност да ги произведат количините електрична енергија кои што им се неопходни на граѓаните да ја поминат зимата. Значи ние ќе потрошиме како држава многу пари на граѓаните, прашањето е дали некој ќе сноси одговорност, затоа што ако нема одговорност, тогаш таа грешка ќе се повторува. Исто како што немаше одговорност за 200 милиони евра минатата зима, кои ќе ги плати народот. Поради тоа народот ќе биде дополнително осиромашен, што е суштина на овој проблем. Зошто народот континуирано да ги плаќа грешките на СДС, ДУИ и оваа влада која што е во заминување?
Од самото доаѓање на власт СДСM со своето деструктивно однесување во сите свери предизвика енормни штети, но најмногу настрадаа енергетиката и стопанството. Погрешните стратегии за енергетиката со таканареченото „зелено сценарио“, за кое како што видовме од истражувачките стории беше само параван за екс вицепремиерот да се дограби до фотоволтаичните централи во Кичево, како и покритие за скандалозните криминални тендери за ангажирање на надворешна механизација во РЕК Битола за кои откако е дојден СДС на власт се одлеани рециси половина МИЛЈАРДА ЕВРА во четири очи.
Одложувањето на проектот топлификација кој колку толку ке го намалеше ударот од енергетската криза за затоплување на Општините од Пелагонискиот реон, доцнењето со отворање на рудникот во Живојно со што ќе се намалеше зависноста од увезен јаглен ….. и уште стотитци криминални и промашени проекти кои ке остават белег на владеењето на СДС, Нарко картелот и еден вицепремиер!!!
Затоа велиме час поскоро предвремени парламентарни избори, за да има одржливо решение, за да има енергетска стратегија и план како треба Македонија понатаму да се развива. Колку подолго овие луѓе, оваа делигитимирана власт во заминување е таму каде што е, толку поголеми ќе бидат проблемите на граѓаните. Господ да ни е напомош зимава на сите граѓани на Македонија со ваквото работење и размислување на ова неспособно раководство.
Линк од ФБ статус: