10.10.2022

Очекувано беше ДКСК да не почека ниту да ја добие претставката за Ковачевски за аферата Броило, и однапред кренаа раце

Очекувана беше реакцијата СДС по паушалната изјава на Ивановска дека нема да отвори предмет за Ковачевски и аферата Броило. Ниту не почекаа да ја добијат претставката за Ковачевски и броило, влијанието и вмешаноста во скандал тежок 26.000.000 евра, туку излегоа во јавност дека нема да отворат предмет, веројатно по допрен глас директно од Ковачевски.
Во услови на криза некој профитира, добива 26.000.000 евра, постои сериозна индиција за трговија со влијание, а ДКСК однапред крева раце.
Ова е уште еден во низата коруптивни скандали и спречување на борбата со корупцијата што ја втурна државата во кризи и сиромаштија. 
За многу кусо време јавноста ќе ја види спрегата на ДКСК со СДС.