26.11.2022

Оставка на Тренчевска и директорката во градинката за брутално насилство врз 10 месечно бебе, за никогаш да не повтори ваков инцидент

Се случува брутално насилство во детска градинка Цветови во Гевгелија, а министерката Тренчевска се обидува целиот случај да го сокрие од јавноста.

Десетмесечно бебе завршило со тешки телесни повреди и хематон на главата, а министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска и директорката на детската градинка Елизабета Стоименова се обидуваат да го прикријат целиот случај и да прикажат дека се работи за детска игра.

Цела јавност виде дека не се работи за гребнатинки на десетгодишното бебе, туку за модрици низ целото лице.

Срамно и без грам чувство на одговорност и доблест.

Тренчевска и Стоименова се најодговорни за овој инцидент и наместо пракса да станува други да одговараат, веднаш да си поднесат оставка.

Ниту едно насилство не смее да се толерира, најмалку насилството врз децата.

Да бевме некоја демократска држава, до сега од морални причини ќе имаше оставка на министерката, директорката и целиот инцидент ќе беше расчистен. Но, ние имаме бледи соопштенија и неуспешни обиди од Тренчевска да се сокрие целиот случај.

Родителите се вознемирени од овој немил настан, и стравуваат дека со немање на одговорност, ваквото насилство може да се случи и на други дечиња во детските градинки.

Тренчевска да си поднесе оставка и да покаже дека заштитата на децата и е пред се.