08.11.2023

Османи и тендер коалицијата ДУИ – СДС ќе рентаат возила 6 пати поскапо, а тендери за купување возила праваат секоја година

Османи и тендер коалицијата ДУИ – СДС ќе рентаат возила 6 пати поскапо, а тендери за купување возила праваат секоја година.

Власта преку МНР потпиша договор за рентање на 175 возила за два дена тежок 900.000 евра.

Доволно е да се направи наједноставно интернет пребарување и ќе се дојде до заклучок дека дури и возило од марката Мерцедес С класа се рента по цена од 450 евра за еден ден, што кога ќе се помножи за два дена и за 175 возила ќе се добие цена не повисока од 160.000 евра.

Од километри се гледа дека власта 6 пати ќе го преплати рентањето на возила.

Уште повеќе запрепастува фактот што владата секоја година објавува милионски тендери за набавка на возила за министерствата или разните државни органи.