Почитувани,
Од денешната посета на Пробиштип на Министерката во МТСП Јованка Тренчевска, на јавноста и беше ускратена можноста да биде информирана до каде е проектот „Дом за стари лица“ во Пробиштип.
Дека увид во работата била направена, дознаваме токму од ФБ страницата на министерката.
Зошто надлежните во Локалната Самоуправа подолг период избегнуваат да го промовираат овој проект е прашање кое треба тие самите да го одговорат.
Во оваа прилика ние би сакале да прашаме:
Дали на министерката и беше кажано дека овој проект подолг период тапка во место и не се работи на него?
Дали и беше кажано дека економскиот оператор беше воведен во работа на 7 август 2020 година и дека рокот за изведба беше 12 месеци?
Што стана со најавите на Градоначалникот дека проектот треба да биде завршен до мај 2021 година?
Проектот требаше да чини 55 милиони денари за 54 легла а колку ќе чини сега?
Дали парите се потрошени а објектот стои во фаза на карабина?
Да не биде на крајот по онаа нивната:
„Баклавата е изедена а тепсијата стоо“?
Кој е крајниот рок за реализација и колку пари ќе бидат потрошени?
Дека ќе бидат потрошени многу, во тоа сме сигурни.
А за право така да мислиме ни дава проектот за доградба на 4 занимални во детската градинка кои чинеа фантастични 31.000.000 денари.
Линк од ФБ објава на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Пробиштип: