04.04.2024

Од денес започнува последната битка за Македонија, 20 часот пред влада, за промените кои се во твои раце

6 и пол години Македонија понижувана, угнетувана, ограбувана. СДС уништи се, и ја уназади Македонија.

За 6 и пол години колку што е СДС на власт растот на БДП по глава на жител во Македонија е само 20%, додека кај земјите во регионот над 50%. Нема поголем доказ дека 6 и пол години Македонија ја водат неспособни и криминални луѓе од ова.

6 и пол години нема учебници за учениците, се краде на болните од рак, субвенции доцнат.

Време е да се случат промени. Време е Македонија да се исправи. Од денес почнува последната битка за промените.

Ги повикуваме сите граѓани во 20 часот на платото пред влада на голем сенароден митинг да и порачаме на власта дека нејзиното време заврши.

ВМРО-ДПМНЕ има план и програма да донесе просперитет. За Македонија повторно твоја. Промените се во твои раце.