Одговорноста за блокадите на Скопје се кај Ковачевски и Арсовска, кои договараат тендери и матни зделки. Стефан Богоев првиот потписник со криминалниот Меѓународем сојуз тоа добро го знае.
За 1.4 милиони евра е оштетено ЈСП затоа што нема попуст од 6 денари по литар дизел од договорот за набавка на гориво за ЈСП. Ете ги парите за приватните превозници.
Доколку имаше рабат од 6 денари на договорот за набавка на гориво за ЈСП, претпријатието наместо 27 милиони евра ќе требаше да одвои 25.6 милиони. Со тие 1.4 милиони евра ќе се решеше долгот за приватните превозници.
Но зошто нема рабат од 6 денари, кој го имаше дури и во времето на Шилегов? Вистински одговор Богоев ќе добие од Ковачевски и Арсовска кои се во тајна коалиција за тендери и матни зделки.
Договорот од 27 милиони евра го потпиша Александар Стојковски, директор на ЈСП, кадар на СДС. Добитник е семејна фирма на пратеник од власта.
Договорот за набавка на гориво за ЈСП е еден од стожерите на коалицијата Ковачевски – Арсовска.
Таа коалиција функционира инво ЈП Водовод и канализација кој има ненаплатени побарувања од 2 милиони евра од Клинички центар, а Арсовска не ги побарува парите.
Ковачевски и Арсовска се договараат за се, само не и за решавање на проблемите на Скопје. Коалицијата Ковачевски – Арсовска Скопје го користи како апарат за тендери и испумпување на пари. Тоа е главната причина и за повлекувањето на поддршката на Арсовска од страна на ВМРО-ДПМНЕ.