30.04.2023

Ова е Македонија за сите: Власта ја руинира државата, краде милиони од секој еден проект, граѓаните бараат промени и нова централна власт, која ќе го врати достоинството на сите граѓани

Во рамки на акцијата „Ова е Македонија за сите“ генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Ѓорѓија Сајкоски беше во посета на населените места Другово и Србјани  и каде разговараше за проблемите на граѓаните. Како што беше посочено власта ја руинира држава, краде милиони од секој проект, а ништо не е реализирано.

 Сите не иритира криминалот кој секојдневно го гледаме и слушаме и чувствуваме. Земаат од нашите пари. Руинирани се институциите, секој проект самите го скандализираат, има сомнежи во секоја работа, еве и последниот со Бехтел и Енка видовте дека е проект кој од старт е криминален и уште една лопата не е фрлена, тие веќе префрлија милиони евра.

Тим предводен од пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски беше во посета на Младо Нагоричане, Драгоманце каде со граѓаните разговараше за нивните проблеми и потреби, при што беше посочено дека од оваа власт има огромна разочараност.

ВМРО-ДПМНЕ произлегува од народот генерално може да се забележи дека народот е во огромна разочараност од владеењето на ДУИ и СДСМ. Тешко се живее секаде, граѓаните велат дека инвестирале во производство на млеко, а сега сето тоа сега се затвори, нема никаква поддршка од владата. Комплицирани се сите бирократски процедури, рече тој.

Тим предводен од членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник Драган Ковачки во рамки на акцијата „Ова е Македонија за сите“ беше во посета на Будинарци и Митрашинци во Берово, како што посочи да се слушнат проблемите на граѓаните кои власта ги создаде.

Како најголем проблем се појавува проблемот на масовното иселување поради распадот на системот, немањето здравство, експерименти во образование. Затоа луѓето одлучуваат да заминат, секојдневни гледаме автобуси кои си заминуваат од овие краишта. Ветуваа живот, донесоа иселување. ВМРО-ДПМНЕ ќе го врати достоинството на македонскиот граѓанин, имаме план, имаме визија и овој процес на масовно иселување ќе го запреме. 

Претседателот на Унија Млади Сили, Сергеј Попов помеѓу граѓаните на терен истакна дека нема враќање, и дека идеи ВМРО-ДПМНЕ е таму за да ги слушне проблемите на граѓаните за кои ќе понуди решениј.

ВМРО-ДПМНЕ своите програми ги реализира, изборните програми се закон и устав. На овие средби важно е да зборуваме, да ги кажуваме работите отворено, тоа што ќе се вгради во програмата и ќе се оствари, нагласи Попов.  

Тим предводен од Тони Коњановски, градоначалникот на општина Битола во Бистрица нагласи дека со граѓаните се разговара за проблемите кои сите ги живееме.

Ова пукање на државата по сите шавови да го закрпиме и да донесеме подобра иднина за сите граѓани. Сведоци сме на запоставување од страна на централната власт, една од работите е договорот за коридорите. Ќе се платат над 200 милиони евра, а нема ни проект ни шајка, рече тој.

Пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Дафина Стојаноска која го предводи нејзиниот тим беа во посета на населени места и средби со граѓани во општина Долнени, при што ги посетиа и спомен куќата на македонскиот музички великан Пеце Атанасовски во село Долнени како и спомен куќата на великанот Блаже Коневски во село Небрегово, при што додаде дека за жал денес постои владејачка гарнитура која што се обидува да го уништи и распродаде на соседите сето она што целиот свој живот Конески го работел.

„Многу силно одекнува, низ овие простори кои што ги посетивме денес, гласот на незадоволните жители на овие места бидејќи навистина живеат во едни, би рекла, вон стандардни или не европски услови. Живеат во места каде што нема добри патишта, живеат без вода и без основни услови за живот. Заедно со овие луѓе, слушајќи ги нивните проблеми, веќе се договараме дека најдоцна за една година од сега најсилен ќе биде гласот кој што ќе се слушне од незадоволните граѓани кој што на крајот на денот на следните парламентарни избори ќе биде преточен во глас како казна за оваа неевропска и ненародна власт на СДСМ и ДУИ“, рече Стојаноска.

Членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Зоран Љутков нагласи дека додека централната власт ја запоставува државата, таму каде ВМРО-ДПМНЕ има локална власт се работи успешно и посветено.

Голема благодарност до сите жители на населените места Ајватовци, Бунарџик и Марино, кои со своето присуство ги направија нашите посети успешни и плодни! Особено ми беше чест што со чист образ излеговме на терен и се уверивме дека онаму каде што ВМРО ДПМНЕ е локална власт, успешно, чесно и посветено се работи!

Тим предводен од пратеничката Ели Панова беше во посета на Ново Село, Мокрево и Сушица.

Ова е Македонија на заеднички патриотизам. Македонија на заеднички победи, реформи. Македонија на големи чекори напред и големи промени. Денеска имавме одлични средби каде заедно со мојот тим ги слушнавме граѓаните и одговоривме на сите прашања, продолжуваме секој викенд, рече Панова.

Тимот предводен од пратеникот Игор Јанушев оствари средби со жителите на населените места во Општина Кратово каде што ги слушнаа проблемите со кои се соочуваат. Констатирано беше дека локалната власта не инвестира во проекти во внатрешноста на Македонија кои што би ги подобриле условите за живот во овие населени места, додека на дело се гледа разликата онаму каде што ВМРО-ДПМНЕ е локалната власта и со конкретни инфраструктурни проекти животот на граѓаните го прави полесен и подостоинствен.