01.12.2024

Обидите на СДС и ДУИ за креирање раздор нема да бидат толерирани, сите оние кои се обидуваат да ја загрозат стабилноста на македонското општество ќе се соочат со соодветен одговор на институциите

Сценарието за насилство и меѓуетнички тензии  на ДУИ и СДС е откриено разбиено и поразено.

Целта на СДС и ДУИ е да ги заштитат личните интереси, а обидите за раздор се само инструмент за да си ги остварат политичките цели, наместо да бидат конструктивна опозиција и да работат за благосостојбата на граѓаните.

СДС и ДУИ се обидуваат да создадат амбиент на нестабилност се со цел нивните криминални афери да не се обелоденат.

Потезите на СДС и ДУИ вклучуваат манипулирање со симболиката на македонското знаме, СДС и ДУИ со очајнички се обидуваат да дефокусираат од нивните контроверзни дејства во страв и агонија од соочување со правдата.

Сите обиди на СДС и ДУИ за креирање раздор нема да бидат толерирани а сите оние кои се обидуваат да ја загрозат стабилноста на македонското општество ќе се соочат со соодветни правни реперкусии и соодветен одговор на институциите.

ВМРО-ДПМНЕ апелира до граѓаните да не подлегнуваат на ваквите црни сценарија и маневри на СДС и ДУИ кои имаат за цел дефокус и креирање вештачки кризи.

Народот ги препознава јасно политичките мотиви на СДС и ДУИ, а секој обид за дестабилизација ќе биде спречен и институциите соодветно ќе одговорат.