10.12.2022

Ни денес СДС не побара оставка од Арсовска, тоа е само потврда за коалицијата Тачела

Во толку „обемното“ соопштение на СДС поврзано со Данела Арсовска, ниту еднаш не го сретнавме зборот ОСТАВКА.

Тоа само го потврдува фактот дека коалицијата Тачела функционира беспрекорно.

На СДС не им се битни Скопје и скопјани, нив им е битна коалицијата Тачела, како и директорските места во Градот, кој заеднички ги споделуваат со ДУИ и Левица.

Токму криењето зад празни соопштенија и не барањето оставка од Арсовска е потврда за тајните средби на Ковачевски и Арсовска, за договорите за провизии и криминалните тендери.

Уште еднаш ги повикуваме СДС јавно да побараат оставка од Данела Арсовска.