06.09.2022

Николоски: Договорот со Бугарија е коренот на понижувањата за Македонија, затоа одиме на референдум, да го вратиме достоинството на народот

Договорот со Бугарија е основата и почетокот на сите проблеми со кои се соочува Македонија, коренот на барањата на Бугарија, сите понижувања на Македонија, националните обезличувања, обид за бришење на националните и идентитетски обележја, сите блокади и вета на патот кон евроинтеграциите.

Народот ќе стави крај на уцените, понижувањата и заедно ќе го вратиме достоинството на македонскиот народ и Македонија!

Борбата за Македонија , македонските национални интереси, македонскиот идентитет и македонскиот јазик се столбот на ВМРО-ДПМНЕ, заедно сплотени ќе успееме во оваа битка за Македонија!

ОДИМЕ НА РЕФЕРЕНДУМ!

Линк од ФБ статус: